• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во дебарската гимназија „28 Ноември“ матура ќе полагаат 135 ученици од нив 9 вонредни ученици

Во дебарската гимназија „28 Ноември“ матура ќе полагаат 135 ученици од нив 9 вонредни ученици

Дебар, 1 април 2025 (МИА) - Во единственото средно училишта во Дебар, Гимназија „28 Ноември“ во учебната 2024/2025 година образованието го завршуваат 126 ученици, што е речиси истата бројка како и минатата учебна година, но матурски испит ќе полагаат уште 9 вонредни ученици.

Гледано одделно по наставен јазик, 38 се на македонски и 97 на албански наставен јазик и сите се пријавиле за полагање државна матура.

-Во нашата образовна институција за полагање матура пријавени се 135 ученици. Од нив 36 со настава на македонски јазик, при што за државна матура се пријавени 32, додека за училишна матура 4 ученици. На албански наставен јазик, се пријавени 97 од кои 4 ученици се вонредни и тие ќе полагаат училишна матура, рече за МИА директорот Рамадан Имери.

Во Гимназијата оваа учебна година настава на македонски и албански наставен јазик следат вкупно 505 ученици, што е за 44 помалку споредено со минатата учебна година, односно 77 помалку споредено со претходната учебна година.

Во гимназијата „АТА“ во соседната општина Центар Жупа тековнава учебна година средното образование го завршуваат 20 ученици, што е за 6 повеќе споредено со минатата учебна година.

Од нив, според директорот Сабри Асан, тојца ученици се на македонски наставен јазик, од нив еден е пријавен за државна и двајца за училишна матура. На турски наставен јазик се 17 од кои 15 се пријавени за полагање државна, додека двајца за училишна матура.

Во оваа гимназија во учебната 2024/ 2025 година настава следат вкупно 90 ученици на двата наставни јазика, што е на речиси истото ниво од последните две учебни години. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан