• недела, 01 септември 2024

Во Данска почна обуката на украинските пилоти за авионите Ф-16

Во Данска почна обуката на украинските пилоти за авионите Ф-16

Копенхаген, 26 јуни 2023 (МИА) - Владата на Данска денеска соопшти дека започнала обуката на украинските пилоти за авионите Ф-16.

Вршителот на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска, членка на НАТО „презеде чекор за започнување на обука и понатамошно образование за украинските пилоти“.

- Ние исто така ќе разгледаме дали треба да дадеме конкретна донација од данските авиони Ф-16 на Украина и колкав број. Украинските пилоти мора да поминат шест до осум месеци обука пред можната донација на данските авион Ф-16 да стане реалност, посочи Поулсен.

Тој додаде дека авионите Ф-16 во Данска ќе бидат до 2024 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан