• четврток, 26 декември 2024

Во Грција потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници

Во Грција потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници
Атина, 1 јули 2022 (МИА) – Во Грција е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, со што постојат знаци за пренесување на болеста во внатрешноста на земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Согласно седмичниот извештај, заклучно со вчера, во земјата се потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени. - Седмиот случај е првиот што не пријавил патување во странство и затоа има индиции за пренесување во внатрешноста. Случаите веќе оздравеле или се оздравуваат во генерално добра клиничка состојба, соопштија од ЕОДИ. Додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска и преземени се сите неопходни мерки за ограничување на ширењето на болеста. Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни. ср/паг/

Остани поврзан