• среда, 25 декември 2024

Во Грција повеќе нема да се воведуваат полициски час и забрана за музика во угостителските објекти

Во Грција повеќе нема да се воведуваат полициски час и забрана за музика во угостителските објекти
Атина, 7 октомври 2021 (МИА) – Дополнителните рестрикции, како полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, што во Грција се воведуваа повремено, на локално ниво, во црвените зони со влошена епидемиолошка состојба, повеќе нема да бидат опција за воведување нови мерки, а во иднина се ќе си функционира регуларно, но со ограничувања за невакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина. Во затворените простори наменети само за вакцинирани лица, односно во угостителските објекти, ноќните клубови, баровите и сл, нема да постојат никакви ограничувања. Црвени зони ќе постојат и понатаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата, без дополнителни мерки, а новите одлуки на грчката Влада, стапуваат во сила во сабота и ќе се ажурираат секои 15 дена. ср/

Остани поврзан