• четврток, 26 декември 2024

Во грузискиот парламент ќе започне последното читање на предлог-законот за странски агенти

Во грузискиот парламент ќе започне последното читање на предлог-законот за странски агенти

Тбилиси, 13 мај 2024 (МИА) - Во грузискиот Парламент денеска ќе започне последното читање на предлог-законот за странски агенти, што предизвика масовни протести во Грузија, јави ДПА.

-Третото и последно читање на законот ќе започне денеска во Тбилиси, а пленарното гласање е закажано за утре, изјави претседателот на парламентот Шалва Папуашвили.

Партијата на владејачкото мнозинство Грузиски сон вели дека сака да донесе поголема транспарентност во однос на странското финансирање на невладините организации.

Десетици илјади луѓе во поранешната советска република демонстрираа против законот во главниот град Тбилиси. Критичарите на законот велат дека владата го моделирала според законот за странски агенти на Русија и дека новата легислатива има за цел да ја попречи работата на независните здруженија и медиуми.

Во Русија, многу организации и поединци се означени како странски агенти, што често им создава сериозни правни проблеми, јави ДПА.

Опозициските партии во Грузија ја повикуваат владата да се откаже од предлог-законот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан