• четврток, 26 декември 2024

Во Градскиот парк пуштена во употреба втората тартан патека

Во Градскиот парк пуштена во употреба втората тартан патека
Скопје, 24 јули 2021 (МИА) - Во Градскиот парк во Скопје од денеска е пуштена во употреба и втората тартан патека, која се наоѓа околу големото езеро, во вкупна површина од околу 840 метри. Градоначалникот на Градот Скопје Петре Шилегов посочи дека дел од оваа патеката се наоѓа под сенка, дел под дрва, а ќе има и лед осветлување, со цел да може да се користи и во ноќните часови. Според градоначалникот, добрата вест е што втората патека се преклопува со првата која е пократка, и може да се направи цел еден круг околу езерото, од илјада метри. -Рекреативното трчање, меѓутоа и помошта кон спортските атлетски клубови која што ја прави Градот Скопје со изработка на овие патеки во градот е императив за нас, затоа што јас цврсто верувам дека здравиот начин на живеење, практикувањето на трчањето овозможува да и во нашиот град се развива индиректно, потенцијано и професионалниот спорт, со цел да што е можно повеќе лица и што е можно повеќе млади бидат вклучени во атлетиката која е „кралицата“ на спортот, рече Шилегов денеска по посетата на патеката во Градскиот парк. Скопскиот градоначалник очекува заедничка грижа за тартан патеката. Во однос на искуството со првата патека, Шилегов рече дека е импресивно, затоа што и Градот, но и самите граѓани покажале грижа за оваа градска инсталација. бт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан