• вторник, 24 декември 2024

Во Гостивар фатен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Идризово

Во Гостивар фатен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Идризово

Скопје, 27 април 2023 (МИА) - На улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, вчера околу 15.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше.

Од МВР денеска информираа дека тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. цр/

Фото: МИА

Остани поврзан