• четврток, 26 декември 2024

Во Гостивар се организираше Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси

Во Гостивар се организираше Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси
Гостивар, 25 мај 2021 (МИА) - Две невладини организации од Гостивар организираа Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси. На штандот во центарот на градот, граѓаните беа информирани за мандатот на Државната комисија за спречување на корупцијата - ДКСК која постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси. Организаторите на настанот, Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со Иницијатва граѓански интеграции (ИГИ), напоменаа дека Инфо денот е дел од проекот во кој беше и истражувањето Проценка на ранливи области на локално ниво и чии што наоди беа презентирани на јавни дебати. - Нашата улога како граѓански организации е да ги информираме граѓаните за сите средства кои им се на располагање да пријавуваат незаконитости и нерегуларности во работењето на службените лица. Тоа би значело и поголем притисок врз институциите, да развијат систем на интегритет, превенција и сузбивање на корупцијата, изјави Катица Михајловиќ од АДИ. Таа нагласи дека целта е зголемување на свесноста и храброст на граѓаните да пријавуваат незаконитости и нерегуларности во работењето на службените лица. Новиот Закон за спечување на корупција и судир на интереси кој беше усвоен во јануари 2019 година ги зголеми и зајакна надлежностите на ДКСК и обезбеди поефективни механизми за постапување. ДКСК во текот на 2020 година прими 550 пријави од граѓани со сомневања за постоење коруптивно однесување. Од невладите организации АДИ и Иницијатива граѓански интеграции (ИГИ) и во следниот период ќе бидат отворени и достапни за граѓаните кои сакаат да пријават корупција и судир на интереси, преку пружање на информации и насоки каде и како да пријават корупција. згм/ар/   зг

Остани поврзан