• четврток, 26 декември 2024

Во Гостивар одбележан 7 Март - Денот на учителите

Во Гостивар одбележан 7 Март - Денот на учителите
Гостивар, 7 март 2022 (МИА) - Локалната самоуправа и неколку образовни институции во гостиварско го одбележаа  7 Март - Денот на учителите. Градоначалникот Арбен Таравари имаше прием и заеднички ручек со пензионираните просветни работници кои предавале на албански јазик. Тој пред пензионираните наставници се заблагодари за нивниот ангажман во воспитувањето на повеќе генерации, нарекувајќи ги сенатори на знаењето во овој град. - Привилегија и среќа е да го поминам 7 март со вас, денот на секој што ја носи оваа почесна титула, рече Таравари. Во ОУ „Исмаил Ќемали“, по повод празникот беше отворена групна изложба на ликовни дела на ученици од сите десет општински основни училишта кои учествуваа на конкурсот што го организираше општина Гостивар. На најдобрите тројца им беа додели дипломи и парични награди. згм/свс/

Остани поврзан