• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Гостивар одбележан денот на екологијата, засадени дрвца низ паркови

Во Гостивар одбележан денот на екологијата, засадени дрвца низ паркови

Гостивар, 24 март 2025 (МИА) – Вработени во гостиварската локална самоуправа, јавни претпријатија, ученици и активисти од Црвениот крст, во рамки на одбележувањето на 21 Март, денот на екологијата, засадија дрва во големиот градски парк и уште неколку други локации низ градот.

Активностите, според првиот човек на општина Гостивар, Ваљбон Лимани се можност и директен придонес за заштита на животната средина и подигање на свеста на заедницата за важноста од зачувување на природата.

Вршителот на должноста градоначалник, Лимани посочи дека одбележувањето на Светскиот ден на екологијата беше одложено заради трагедијата во Кочани, а садниците се донација на гостиварски иселеник кој живее во Швајцарија.

- Нашата заложба е да се зголеми бројот на дрвја и да ги прошириме зелените површини, изјави Лимани. Тој во изјавата упати апел до сограѓаните да се води поголема грижа за околината и подигање на нивото на свест за заштита на животната средина.

Лимани истакна дека во чувањето на зелените површини, како општествено богатството освен граѓаните се грижат и комуналните инспектори.

- Се надевам дека со измените на Законот за локална самоуправа ќе имаме и општинска комунална полиција која треба да има значаен придонес во зачувувањето на објектите од јавен интерес и зелените површини, рече Ваљбон Лимани градоначалник на општина Гостивар.згм

Фото: Општина Гостивар

Остани поврзан