• сабота, 28 декември 2024

Во Гостивар казнети 30 патници за неносење заштитни маски во јавен превоз

Во Гостивар казнети 30 патници за неносење заштитни маски во јавен превоз
Гостивар, 6 јули 2022 (МИА) - Полицијата открила 30 лица кои се превезувале со јавен превоз и немале заштитна маска, како мерка за спречување на ширење на КОВИД 19. Тие ќе се соочат со парична глоба од 20 евра во денарска противвредност. Од СВР Тетово информираат дека вчера од 12:00 до 15:00 часот на поширокото гостиварско подрачје е спроведена акциска контрола во рамките на активностите за спречување на ширењето на Ковид-19. Притоа се контролирало дали и колку се почитува законската обврска за задолжително носење на заштитни маски во возилата од јавниот превоз, автобуси и такси комбиња. - При контролата откриени и законски санкционирани биле 30 лица кои не носеле заштитни маски или друга заштита на лицето. На сите им се изготвени соодветни поднесоци по член 66-б од Законот за заштита на населението од заразни болести, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. Тој потенцира дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и ќе се преземаат законски предвидените мерки. згм/вј/

Остани поврзан