• четврток, 26 декември 2024

Во Горно Јаболчиште ќе се асфалтираат две улици

Во Горно Јаболчиште ќе се асфалтираат две улици

Велес, 8 декември 2023 (МИА) - Во планинското село Горно Јаболчиште сместено  под пазувите на Солунска Глава  во реонот на  Општина Чашка ќе се асфалтираат две улици со средства во висина од 7 милиони и 50 илјади денари што ги обезбеди Бирото за регионален развој, а Општина Чашка учествува со сопствени средства од 1 милион 841 илјада денари. Како што информира градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски ќе се асфалтираат две улици во ова планинско село на потегот од џамијата во центарот на селото до селските гробишта и крак спрема Сипочан.

Воедно појаснува дека  во врска со овој проект  тој  неделава потпиша договор со директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Сашо Мошев, а преку кој ќе се реализира овој значаен проект за над три илјади жители од село Горно Јаболчиште.

-По потпишување на договорот, следува почеток на тендерската постапка за избор на изведувач на градежните активности ,најави  градоначалникот Стојановски. ад/

Фото: Општина Чашка

Остани поврзан