• недела, 24 ноември 2024

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа во првиот уписен рок предвидената квота пополнета 26, односно 22 отсто

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа во првиот уписен рок предвидената квота пополнета 26, односно 22 отсто

Дебар, 3 јули 2023 (МИА) - Во двете средни општински училишта „28 Ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, по двете пријавување, во првиот уписен рок, во прва година останаа непополнети повеќе од 70 отсто од предвидените ученички места.

-Во нашата гимназија запишани се 71 ученик, односно 26 отсто од предвидената квота. Од нив 65 се за настава на албански и шест на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за августовскиот, втор уписен рок слободни се вкупно 201 ученичко место. За настава на албански јазик слободни се 105, додека на македонски 96 места, потврди за МИА проферката Афрона Леши, одговорна за уписот.

Според конкурсот на МОН, во оваа образовна установа право на упис имаа 270 завршени основци и тоа 170 во пет паралеки на албански и 102 во три паралки на македонски наставен јазик.

Во општина Центар Жупа, каде е предвидената квота од 68, пополнети се само 15 ученички места, односно 22 отсто.

-Во двете пријавувања од првиот уписен рок во нашата обвразовна установа запишани се 15 завршени основци, од нив 10 за настава на турски и 5 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот уписен рок слободни се 24 места за паралелката на турски и 29 за паралелката на македонски наставен јазик, рече за МИА директорот Сабри Асан.

За новата 2023/2024 учебна година во гимназијата „АТА“ според конкурсот на МОН предвидени се две паралелки, по една на двата наставни јазика и тоа со по 34 ученици.

Во двете гимназии очекуваат бројот на запишаните да биде поголем во второто пријавување, имајќи ги предвид бројките од минатите години и се помалиот број ученици во основното образование, предвидената бројка повеќе од јасно е дека нема да биде пополнета. вт/мд/

Остани поврзан