• сабота, 23 ноември 2024

Во Германија се намалува интересот за вакцинација, се повеќе вакцини завршуваат во отпад

Во Германија се намалува интересот за вакцинација, се повеќе вакцини завршуваат во отпад
Берлин, 7 август 2021 (МИА) - Се повеќе германски провинции ги фрлаат вакцините во ѓубре, а сега планот е да се донира вишокот на посиромашните земји, наведува Дојче веле. Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени“, и тоа само во јули. „Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на падот на подготвеноста на населението за имунизација“, соопшти баварското Министерство за здравство, пренесува „Дојче веле“. Во Баден-Виртемберг, рокот на траење на 4.000 дози Астра Зенека истече на крајот на јули, поради што тие беа „прописно уништени“, наведува Министерството за здравство. Во Северна Рајна-Вестфалија, датумот на истекување на 350 дози Астра Зенека истече минатиот викенд, па тие беа „прописно отстранети“. Министерството тврди дека ова е прв таков случај од оваа германска провинција. Дозите што не им се потребни, а рокот се уште не е истечен, провинциите ги враќаат на федералната влада. Хамбург сака да врати 6.000 дози Астра Зенека во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози. ссм/

Остани поврзан