• среда, 18 декември 2024

Во Германија почна судењето на 100-годишен поранешен чувар на логорот Заксенхаузен

Во Германија почна судењето на 100-годишен поранешен чувар на логорот Заксенхаузен
Берлин, 7 октомври 2021 (МИА) - Во Бранденбург на Хавел денеска почна судење на 100-годишен поранешен чувар во логорот Заксенхаузен и офицер на специјалните сили СС, Јозеф С., за помагање во убиството на повеќе од 3.000 затвореници за време на Втората светска војна. Според обвинението Јосеф С. се товари дека „самоиницијативно“ како чувар и припрадник на СС помогнал во убиството на „најмалку 3.518 затвореници во логорот Заксенхаузен, лоциран северно од Берлин. Заксенхаузен служеше и како камп за обука на СС единиците, специјализирани за чување на концентрационите логори. Вкупно, над 20.000 луѓе ги загубија животите во овој логор, главно Евреи, но и политички противници на националсоцијалистичкиот режим. Судските вештаци утврдија дека Јозеф С., и покрај возраста е способен да му се суди, но максимум два часа дневно. ми/  

Остани поврзан