• четврток, 26 декември 2024

Во Германија нови протести против рестриктивните пандемиски мерки

Во Германија нови протести против рестриктивните пандемиски мерки
Берлин, 4 октомври 2020 (МИА) - Илјадници демонстранти во јужна Германија се собраа за време на викендот во знак на протест против ограничувањата наметнати поради пандемијата, иако организаторите не успеаја да мобилизираат доволно луѓе да направат круг околу Боденско езеро. Констра демонстрации, пак, се одржаа во градот Констанц од граѓани кои ги поддржуваат владините мерки против пандемијата на коронавирусот и кои сакаат да протестираат против група ултрадесни демонстранти, соопшти германската полиција. Вкупно меѓу 10.500 и 11.000 луѓе присуствуваа на протестите во саботата, а дводневните протести продолжија и денеска. Полицијата верува дека доброто време ќе привлече нови учесници на денешните протести, каде засега ситуацијата е мирна. Организаторите на протестот против мерките насочени кон борба против пандемијата очекуваа дека ќе соберат над 200.000 граѓани, како и дека ќе можат да формираат човечки круг околу Боденско езеро. Германија релативно успешно ја држеше под контрола пандемијата за време на првиот бран, но неодамна бројот на новоинфицирани повторно почна да расте, што доведе до нови ограничувања. Од почетокот на пандемијата, околу 300.000 луѓе биле заразени со вирусот во Германија, додека нешто повеќе од 9.500 починале како резултат на Ковид-19. паг/

Остани поврзан