• четврток, 26 декември 2024

Во Германија десет проценти од пациентите во одделите за интензивна нега се вакцинирани

Во Германија десет проценти од пациентите во одделите за интензивна нега се вакцинирани

Берлин, 12 октомври 2021 (МИА) - Бројот на вакцинирани пациенти во одделенијата за интензивна нега за заболени со коронавирус се зголеми во последниве месеци, соопшти германската влада денеска на барање на парламентарниот клуб на Левица во Бундестагот.

„Од 1.186 пациенти со коронавирус кои останаа на одделот за интензивна нега помеѓу средината на август и почетокот на септември, 119 беа вакцинирани, што одговара на вредност од приближно 10 проценти. Во периодот од почетокот на февруари до средината на август, процентот беше многу помал и изнесуваше 1,84 проценти“, се наведува во објавата која се базира на податоци од државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“.

Според медиумската група Функе, зголемениот број вакцинирани лица во одделите за интензивна нега, според мислењето на здравствените институции и експерти, е поврзан со зголемениот број вакцинирани лица во Германија.

Германското Министерство за здравство уште во септември објави дека процентот на невакцинирани лица во одделите за интензивна нега е „многу висок“ - 90 проценти. Министерството ја нагласи потребата од зголемени стапки на вакцинација за оние кои се уште не го направиле тоа.

„Факт е дека вакцините штитат и дека невакцинирањето е главната причина зошто пациентите со коронавирус завршуваат на одделот за интензивна нега“, се вели во соопштението. Во меѓувреме, во Германија „најмалку 65 проценти“ од граѓаните ги примија двете дози на вакцината.

Гернот Маркс, претседател на Здружението на лекари за интензивна и итна медицина (ДИВИ), рече дека пациентите чија коронавирусна болест завршува со компликации или смрт „во повеќето случаи“ не ја примиле вакцината. паг/

Остани поврзан