• четврток, 26 декември 2024

Во Гевгелија почна чествувањето на патрониот празник „Свети Спас“

Во Гевгелија почна чествувањето на патрониот празник „Свети Спас“

Гевгелија, 11 јуни 2024 (МИА) - Со концерт на Ансамблот „Бојмија“ насловен како „20 години, детски чекори“ синоќа почна празнувањето на Вознесение Христово-Спасовден 2024 година, патрониот празник на Гевгелија.

Концертот се одржа во салата на Народниот театар, а пред присутните беа прикажани традиционалните игри и музика од овој регион со настапи на детските групи при овој ансамбл.

Празнувањето на „Свети Спас“ продолжува утре со Вечерна богослужба со благословување на петолебие и манастирско гравче во Манастирот „Свети Спас“. Утревечер на Градскиот плоштад ќе се одржи музички хепенинг „Македонијо, во срце те носиме“, на кој ќе настапат повеќе естрадни уметници од земјава.

Одбележувањето на патрониот празник на Гевгелија го организираат Општината, Манастирот „Свети Спас“ и Домот на културтата „Македонија“ од Гевгелија. рт/цр

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан