• сабота, 21 декември 2024

Во Гевгелија отворена завршната изложба на меѓународната ликовна колонија „Аполонија“

Во Гевгелија отворена завршната изложба на меѓународната ликовна колонија „Аполонија“
Гевгелија, 14 јули 2022 (МИА) - Десетдневната работа на учениците на 19 издание од Меѓународната ликовна колонија „Аполонија 2022“ заврши синоќа со отворањето на финалната изложба на изработените дела од учениците на колонијата. На публиката и беа претставени 16 слики изработени во разни техники од девет учесници од Србија, Бугарија и Северна Македонија кои делата ги сликаа инспирирани од гевгелиски мотиви и еден ден престој во планинското село Ума. - По двете загубени Ковид години повторно со сиот сјај блеснаа боите од платната, откривајќи ја радоста на творештвото и дружењето со уметниците сликари. Изработените дела од годинашнава колонија ќе останат во сопственост на фондацијата „Аполонија“ и во секое катче на хотелот, гостите ќе можат да уживаат со нив и со останатите сликарки дела создавани овде во изминативе дваесет години, рече директорот на фондацијата, Аце Ристовски. Годинава нашата земја на ликовната колонија беше претставувана од Ниче Василев од Струмица и од гевгелиските сликари Боро Петров и Јордан Јанев-Дане. им/рп/

Остани поврзан