• среда, 27 ноември 2024

Во гевгелиско нема опасност од излевање на водотеците

Во гевгелиско нема опасност од излевање на водотеците
Гевгелија, 5 јануари 2021(МИА) - Водостојот на водотеците во гевгелиско,по наврнатите над 50 литри дожд на метар квадратен,е зголемен но нема опасност од излевање, потврдија денеска екипите од ПЕ во Гевгелија на АД „Водостопанство“ од Скопје по направената обиколка на речните текови. - Посебно е зголемен водостојот на Петрушка река во Милетково,без ризик за излевање од коритото,а стабилна е состојбата со водостојот на Конска река кај Моин,особено откако е саниран мостот со поставување на бетонскиот заштитен праг за кој општината инвестираше 2,1 милиони денари, посочуваат екипите што го извршија надзорот. Пред санацијата на мостот во неколку наврати ,токму на тој потег пред селото,се излеваше надојдената вода на Конска река и создаваше прекин на сообраќајното поврзување со Моин. Екипите на јавното комунално претпријатие извршија увид на градските улици и констатираа дека дождот не предизвикал поплавувања што значи дека атмосферската канализација добро функционирала. им/фф/

Остани поврзан