• сабота, 23 ноември 2024

Во Гватемала запленети над 500 килограми кокаин

Во Гватемала запленети над 500 килограми кокаин

Гватемала, 10 февруари 2024 (МИА) – Полицијата во Гватемала откри и заплени 525 килограми кокаин. Дрогата била скриена во контејнер што пристигнал од Костарика и бил оставен во бродска компанија.

Властите соопштија дека се пронајдени уште шест сомнителни контејнери. Сè уште никој не е уапсен.

Меѓународните картели ја користат Централна Америка за транспорт на дрога во Мексико и во САД.

Во Гватемала минатата година запленети се над три тони кокаин, што е двојно помалку во споредба со 2022 година.

Според Вашингтон, 90 проценти од кокаинот што влегува на територијата на САД се транспортира со авиони, чамци и подморници преку Мексико и Централна Америка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан