• сабота, 28 декември 2024

Во галеријата „КО-РА“ отворена изложбата „Колажи“ на Сузана Арсова

Во галеријата „КО-РА“ отворена изложбата „Колажи“ на Сузана Арсова

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Во галерија „КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје е отворена самостојна изложба на слики „Колажи“ на авторката Сузана Арсова.

-Во посовремените услови на оваа наша се по технологизирана цивилизација, рециклирањето и колажирањето на разнородни елементи треба да се предизвик во сите сфери на опстојувањето, не само како порив за креативно создавање и изразување на светогледот на уметникот, туку треба да се предизвик како императив и на секој поединец. Од тој аспект, овој кретаивен ангажман добива и едно дополнително значење, една рационална димензија поврзана и со нејзината професионална определба, математиката и информатиката, а овој избор од 32 дела од нејзината долгогодишна посветеност ја посочува и нејзината неисцрпна имагинација и богата фантазија со   предиспозиција за ликовно вообличување, истакна историчар на уметноста Виолета Калиќ, која ја отвори изложбата.

Сузана Арсова е учесник на бројни групни изложби и во галеријата „КО-РА“, особено од ангажиран карактер, поврзани со темите за екологија и одржливиот развој.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Домот на култура „Кочо Рацин “- Скопје во рамките на годишната програма од областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура. Родена e во 1959 година во Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет.

Учесничка е на повеќе групни и тематски изложби. Добитничка е на наградата од КИЦ за сликарство колаж на 43 -та изложба на ликовни уметници од државата, во Скопје во 2004 година.бт/са/

Фото/ Галерија „КО-РА“

Остани поврзан