• недела, 24 ноември 2024

Во Гази Баба доделени решенијата за субвенции за вградување на плин во возилата

Во Гази Баба доделени решенијата за субвенции за вградување на плин во возилата
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Решенијата за субвенционирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас на автомобилите беа доделени денеска во просториите на Општина Гази Баба, информираат од локалната самоуправа. Градоначалникот Бобан Стефковски на својата официјална фејсбук страна напиша дека оваа мерка била негово предизборно ветување. - Оваа мерка беше мое предизборно ветување кое од оваа година е реалност и се реализира  првпат во Општина Гази Баба. Покрај ова, првпат оваа година доделивме субвенции за граѓаните и за набавка на велосипеди, електрични тротинети, чистење на оџаци, а додека субвенциите за инвертер клима уреди и печки на пелети двојно ги зголемивме, наведе тој. ар/сп/

Остани поврзан