• недела, 24 ноември 2024

Во Газа стапи во сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас

Во Газа стапи во сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас

Газа, 24 ноември 2023 (МИА) - Четиридневното примирје меѓу Хамас и Израел, за да се овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, официјално стапи на сила утрово во 7 часот по локално време.

„Хуманитарната пауза“, договорена под покровителство на Катар, Египет и САД, доаѓа откако војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас влезе во својот 49-ти ден.

Првото ослободување на заложниците (13 жени и деца) се очекува околу 16 часот по локално време.

За времетраењето на прекинот на огнот ќе бидат ослободени 50 заложници во замена за 150 палестински затвореници. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан