• среда, 27 ноември 2024

Во Габон изведен воен удар, поништени резултатите од саботните претседателски избори

Во Габон изведен воен удар, поништени резултатите од саботните претседателски избори

Либрвил, 30 август 2023 (МИА) -  Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата.

Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува Би-би-си.

Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле фалсификувани. сд/

фото:Скриншот Твитер

Остани поврзан