• понеделник, 30 декември 2024

Во Вухан со Ковид-19 беа заразени речиси половина милион жители

Во Вухан со Ковид-19 беа заразени речиси половина милион жители
Пекинг, 30 декември 2020 (МИА) - Според истражувањето на кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) во Вухан со новиот коронавирус биле заразени околу 500.000 луѓе, што е речиси десетпати повеќе од официјалната бројка. За врерме на студијата научниците анализирале 34.000 жители на Вухан, првичниот епицентар на пандемијата, како и од другите градови во провинцијата Хубаеј, Пекинг, Шангај и проинцијата Гуангдондг, Џангсу, Сечуан и Лиаонинг за да ја проценат стапката на зараза во тие области. Тие откриле дека стапката на преваленција на антитела на Ковид-19 кај 4,43 отсто од граѓаните на Вухан, град со 11 милиони жители. Досега во градот официјално се потврдени 50.354 случаи на инфекција со Ковид-19, но серолошките тестови покажуваат  дека имало приближно 500.000 заразени луѓе. Сите случаи на инфекцијата во Вухан не се регистрирани поради хаосот за време на врвот на инфекцијата, а и дел поради невозможноста да се забележат асимптоматските случаи. ми/

Тагови

Остани поврзан