• среда, 18 декември 2024

Во вооружен судир оштетена главната рафинерија во Либија

Во вооружен судир оштетена главната рафинерија во Либија
Триполи, 27 октомври 2021 (МИА) - При вооружен судир во западниот дел на Либија оштетена е главната нафтена рафинерија, соопшти Националната нафтена компанија (НОЦ). Во судирот од понеделникот вечерта што беше околу нафтениот комплекс на влезот од градот Завија оштетени се осум резервоари за нафта, пет резервоари за масло и хемиски адитиви, како и електричен трансформатор. НОЦ не го наведе идентитетот на групите кои го предизвикале судирот. Либија има најголеми нафтени резерви во Африка. ми/

Остани поврзан