• среда, 25 декември 2024

Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица

Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица

Мексико Сити, 10 ноември 2024 (МИА) - Десет лица загинаа. А седум се повредени во вооружен напад во бар во Мексико, пренесоа светските агенции.

Четворица вооружени мажи вчеравечер по локално време упаднале во бар во Керетаро, во централно Мексико, и отвориле оган врз тамошните гости.

Напаѓачите пристигнале со камион, наведуваат претставници на локалните безбедносни служби.

Еден осомничен за нападот е приведен

Градот Керетаро досега беше поштеден од војната меѓу мексиканските нарко картели.

Керетаро е главен град на истоимената држава.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан