• недела, 28 јули 2024

Во возило пронајден починат со прострелни рани жител од Никуштак

Во возило пронајден починат со прострелни рани жител од Никуштак
Скопје, 5 август 2022 (МИА) - Лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје пронајден е ноќеска во 1:40 часот по полноќ, во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички на крстосницата помеѓу селата Радуша и Свиларе, скопско. Како што соопшти денеска МВР, лицето било пронајдено од страна на полициски службеници од полициското одделение Сарај. -По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција, наведуваат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вг/бак/

Остани поврзан