• четврток, 26 декември 2024

Во Владимирово отворени деветите Владимирски илинденски средби

Во Владимирово отворени деветите Владимирски илинденски средби
Берово, 31 јули 2021 (МИА) - Во Владимирово отворени деветите Владимирски илинденски средби. Манифестацијата која се одржува под мотото „Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте” беше отворена со интерпретирање на Македонската како и сопствената музичката химна на Владимирци „Песна за Владимирово“. Пред присутните се обратија градоначалникот Берово, Звонко Пекевски и претседателот на Здружение на граѓани Владимирски илинденски средби, Бранко Ужевски кој истакна дека очекува мала посетеност заради пандемијата од Ковид-19, но најважно според него е да не се прекинува традицијата. -Манифестацијата традиционално се одржува во пресрет на празникот Илинден. Низ песни и забава, со културно уметничка програма и спортски натпревари наредните 3 дена, во село Владимирово ќе се реализираат средбите, а многу жители од селото, ќе се вратат во родното огниште, рече Ужевски.

На отворањето на настанот, настапија КУД „Димитар Беровски“ и Староградскиот оркестар при Дом на културата“ Димитар Беровски“ од Берово, а вечерта беше затворена со спектакуларен настап на Благица Калева.

Оваа манифестација во селото се одржува од 2005 година, а од пред девет години прерасна во масовна манифестација, под називот Владимирски илинденски средби. вс/ки/

Остани поврзан