• понеделник, 18 ноември 2024

Во Виница приведени осомничени криминалци

Во Виница приведени осомничени криминалци
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Службеници на СВР Штип – Полициска станица Виница вчера ги лишиле од слобода Д.С. (34) од Крива Паланка, С.Т. (22) од Зрновци и Б.И. (37) од кочанското село Грдовци. При претрес, извршен со судска наредба, во патничко возило „Ауди“ со кочански регистарски ознаки сопственост на Б.И., управувано од Д.С., а во кое сопатник бил С.Т., биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, остри предмети, странски лични документи, пари и други предмети за кои постои сомнеж дека потекнуваат од повеќе кривични дела. Полицијата соопшти дека по извршени проверки било утврдено и дека Д.С. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна од 12 години, а бил осуден на вкупно 22 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Штип“ за доиздржување на казната. Пронајдените предмети кои потекнуваат од кражби ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави. ев/сп/

Остани поврзан