• петок, 27 декември 2024

Во Викторија продолжена вонредната состојба

Во Викторија продолжена вонредната состојба
Мелбурн, 2 септември 2020 (МИА) - Поради ширењето на коронавирусот во австралиската држава Викторија денеска е продолжена вонредната состојба за уште шест месеци. Горниот дом на Парламентот на Викторија донесе закон со 20 гласа „за“ и 19 „против“, со кој се продолжува вонредната состојба, со што се зајакнуваат овластувањата на Владата да усвојува ограничувања поврзани со пандемијата. Владата сакаше да се продолжи вонредната состојба на една година. Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 90 новозаразени со коронавирус и шест смртни случаи. Тоа е зголемување во споредба со вчера, кога бројот на новозаболени беше 70. Во текот на претходните седум дена, бројот на нови случаи беше двоцифрен и во просек 95, додека во претходните недели во просек имаше по 175 новозаразени дневно. паг/    

Остани поврзан