• среда, 27 ноември 2024

Во Велика Британија почнува тестирање на 80.000 луѓе со цел да се сузбие ширењето на јужноафриканскиот нов вид Ковид-19

Во Велика Британија почнува тестирање на 80.000 луѓе со цел да се сузбие ширењето на јужноафриканскиот нов вид Ковид-19

Лондон, 2 февруари 2021 (МИА) – Во Велика Британија денеска почна тестирање на 80.000 луѓе од врата до врата во обид да се спречи заразата со така наречениот јужноафрикански нов вид на Ковид-19.

Во Велика Британија од 22 декември досега се регистрирани 105 заразени лица во осум подрачја со новиот јужноафрикански вид на Ковид-19. Лицата ќе мора да се тестираат без оглед дали покажуваат симптоми или не.

Во Велика Британија се спроведува масовна вакцинација на населението, речиси 9,3 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината, а Владата и здравствените претставници стравуваат дека новите видови на Ковид-19 можат да ги поткопаат напорите за контрола на пандемијата. ми/

Остани поврзан