• четврток, 26 декември 2024

Во велешко Горно Оризари се одржа едукативна работилница за сообраќај

Во велешко Горно Оризари се одржа едукативна работилница за сообраќај

Велес, 19 септември 2023(МИА) - Во  рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023, денеска во ООУ „Рајко Жинзифов” во селото  Горно Оризари, велешко, се одржа едукативна работилница на тема „Безбеден сообраќај, безбедни велосипедисти, безбедни пешаци”, која ја организира Општина Велес во соработка со СВР Велес.

Како што информираат од Општина Велес, целта на работилницата беше запознавање на ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од отсекот за превенција во сообраќајот  на  СВР Велес, кои на интерактивен и неформален начин со учениците разговараа  за темата.

-Учесниците на работилницата разменија мислења и споделија лични искуства поврзани со темата  и придонесоа со конструктивни идеи и коментари во врска со подобрувањето на сообраќајните решенија во градот и нивното место на живеење и околината, појаснија од Општина Велес.

Воедно велосипедисти-членови  на здружението  „Велес бајкинг”, на велосипеди од Велес возеа  до Горно Оризари, а каде заедно со учениците монтираа донирани велосипеди на училиштето.

Велосипедите  се дадени  во трајна сопственост на училиштето, а  донирани се од општествено одговорни компании вклучени како подржувачи на Европската недела на безбедност која се рализира од 16 до 22 септември со низа активности. Компании  како и некои амбасади во земјава донираа и други спортски реквизити и опрема за детските градинки и училишта.ад/лв/

фото: Општина Велес 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан