Во велешкото село Караслари се гради детски забавен парк
- Во селото Караслари, велешко деновиве интензивно се работи на изградба на ново модерно забовно детско катче.
![Во велешкото село Караслари се гради детски забавен парк](https://new.mia.mk/index.php/images/20230920153329_big_730x400_1.webp )
Велес, 20 септември 2023 (МИА) - Во селото Караслари, велешко деновиве интензивно се работи на изградба на ново модерно забовно детско катче.
Градоначалникот Марко Колев рече дека е во тек поставување урбана опрема и за неколку дена детското игралиште ќе биде пуштено во употреба.
-Инвестициите за децата се инвестиции во иднината. Продолжуваме посветено со најдоброто за најмалите: Караслари добива ново детско катче, кое ќе биде омилено на децата од ова населено место, рече градоначалникот Колев. ад/дма/
Фото: Општина Велес