• среда, 13 ноември 2024

Во Велес утре прво заедничко чествување на Свети Трифун

Во Велес утре прво заедничко чествување на Свети Трифун

Велес,13 февруари 2024(МИА) - Општина Велес утре во 12 часот во Младинскиот парк организира прво заедничко чествување на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“ со подршка на повеќе локални винарии и учество на музичари и групи, како и на учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“.

Како што информираат од Општина Велес, првото заедничко чествувањето на „Свети Трифун“, заштитникот на лозјата и виното, ќе помине во знакот на вреднување на она што е велешко.

Посетителите ќе уживаат во добри вина од локалните винарии „Шато Сопот“, „Old School“, „Тристо и Wine Gallery“, а за вкусната храна ќе се погрижи гостилница „Снупи“.

Посетителите ќе уживаат со музика од Отсекот за традициски инструменти при ООМУ „Стефан Гајдов", како и Стакато Бенд, Тони Андреев, Harmony Band и Мими Јовановска заедно со бендот на браќа Нуне.

-Бериќетно лозје за чаша добро вино. На здравје!,порачуваат од Општина Велес и ги покануваат на прославата сите заинтересирани граѓани.ад/фф/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан