• среда, 18 декември 2024

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Велес, 17 ноември 2024 (МИА) - На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика. ад/сст/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан