• понеделник, 15 декември 2025

Во Велес работилница „Џез низ детската призма“

Во Велес работилница „Џез низ детската призма“

Велес, 29 април 2025 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на џезот, Европската куќа Велес заедно со Здружението „Арт Генератор“ и учениците од Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ попладнево организираа специјална џез работилница, каде најмалите ќе го откријат светот на џезот преку ритам, игра и креативност, слушање и музицирање и исполнување на џез музика.

Џез работилницата во Европската куќа Велес ја водеше Гордан Спасовски. познат млад  македонски џез пијанист, член на Националниот џез оркестар.

Како што информира Спасовски, на оваа џез работилница заедно со  учениците направиле паралела меѓу класичната музика која ја изучуваат и свират во музичкото училиште и џез музиката со која некои од нив денеска првпат се запознаа и ја слушаа.

-На работилницата зборувавме за начинот на изведба на џез музиката, за хармонијата, за импровизацијата, музичката уметност и слично. Учесниците - млади музичари активно беа вклучени во неа преку свирење и изведба на песни од џез музиката, рече Спасовски.

Додава дека на работилницата  слушеле, создавала и дале ново лице на џез музиката низ призмата на  детските очи.

-Џезот не е само музика, туку начин на изразување, слобода и радост што ги поврзува генерациите, потенцира Спасовски. ад/мд/

Фото: Европска куќа 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан