• четврток, 19 декември 2024

Во Велес и Велешко се намалува бројот на новозаболени од Ковид-19

Во Велес и Велешко се намалува бројот на новозаболени од Ковид-19
Велес, 3 јануари 2021 (МИА) - ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес денеска регистрирал пет новозаразени со коронавирусот, откако вчера немаше ниту еден позитивен. - Убава вест е што денеска има и 15 оздравени, но 539 лица во Велес и велешко сè уште се активни на коронавирусот, а најголем дел од нив 510 пациенти се на домашно лекување. Има и неколкумина велешани на лекување во скопските клиники: на Инфективната клиника еден,а и во ГОБ „8 Септември“ има еден, двајца во болницата во Козле и еден на Торако-васкуларна клиника во Скопје и двајца велешани се лекуваат во приватни клиники, информира д-р Весна Николовска Неделкова в.д директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје. Во велешката општа болница вкупно се хоспитализирани 29, од кои 20 се потврдени позитивни, два сомнителни и седум пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. - На инфективно одделение кое е со 54 кревети има 25 пациенти. На Интерно Б крак се лекуваат четири пациенти со последици по прележан Ковид, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.ад/ир

Остани поврзан