• среда, 27 ноември 2024

Во Велес до 17 часот излезеноста е 47,19 отсто на претседателските и 47,93 отсто на парламентарните, а во Градско 52,77 за претседателските и 52,74 отсто за парламентарните избори

Во Велес до 17 часот излезеноста е 47,19 отсто на претседателските и 47,93 отсто на парламентарните, а во Градско 52,77 за претседателските и 52,74 отсто за парламентарните избори

Велес, 8 мај 2024 (МИА) - Во Велес и велешко на сите 84 избирачки места до 17 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44.858 на Единствениот избирачки список за претседател гласале 21.167 или 47,19 отсто од избирачите.

На Единствениот избирачки список од запишани 44.954 за избор на пратеници во Собранието до 17 часот гласале 21.542 или 47,93 проценти  од гласачите, информира за МИА, Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес.

-Во Општина Градско на 11 избирачки места од 3.019 запишани граѓани на Единствениот избирачки список за избор на претседател до 17 часот гласале 1.593 или 52,77   проценти, а од 3.024 на списокот за пратеници до 17 часот гласале 1.595 или 52,74 проценти  од избирачите, информира за МИА, Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК Градско.ад/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан