Во Велес денес 200 кајакари од 10 земји на Европскиот куп
- Во водите на реката Вардар во Градскиот парк во Велес денес ќе се одржи второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст.

Велес, 6 април 2025 (МИА) - Во водите на реката Вардар во Градскиот парк во Велес денес ќе се одржи второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст.
На ова меѓународното натпреварување ќе учествуваат 200 кајакари од 10 земји: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција, Турција, Бугарија и Македонија.
Ќе се возат шест дисциплини, во јуниорска и сениорска категорија.
Натпреварите започнуваат во 9:30 часот. ад/зс/