• петок, 20 март 2026

Во Велес дел од зградата на училиштето „Ј.Х.К.Џинот" ќе се пренамени во клон на градинката „Димче Мирчев"

Во Велес дел од  зградата на училиштето „Ј.Х.К.Џинот

Велес, 19 март 2026 (МИА) – Градоначалникот на Велес Марко Колев денеска  потпиша договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади преку кој ќе се отворат нови  капацитети за згрижување на деца во градинката  „Димче Мирчев" во Велес. Средствата обезбедени преку овој грант се наменети за реновирање и опремување на поранешната  стара училишна зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов -. Џинот" и нивна пренамена во објект за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.

Тој потенцира дека со овој значаен проект значително ќе се придонесе за растоварување на постоечките објекти на шесте градинки во Велес. Воедно ќе се овозможи и обезбедување на дополнителни капацитети на слободни места,  а се ’со цел задоволување на потребите на жителите на Велес, односно овозможување на децата  да посетуваат градинка.ад/

Фото: Општина Велес 

 

Остани поврзан