• четврток, 26 декември 2024

Во Велес двајца новорегистрирани со коронавирусот, бројката инфицирани се искачи на 36

Во Велес двајца новорегистрирани со коронавирусот, бројката инфицирани се искачи на 36
Велес, 15 април 2020 (МИА) - Според информацијата од Центарот за јавно здравје во Велес, изминатото деноноќие во оваа Општина се регистрирани нови двајца заразени од коронавирусот. Со ова, бројката на заразените во Велес се зголеми на 36 пациенти. Како што информира директорот на Центарот за јавно здравје, Тони Димитриев, од двајцата новозаразени пациенти, едниот е 62-годишен маж, веќе хоспитализиран на Инфективното одделение, а вториот, 53-годишна жена која била тестирана и и бил потврден случајот во Авицена лабараторијата во Скопје. Димитриев додава дека заклучно со вчерашниот ден, земени се брисови на 350 граѓани, од кои 35 биле позитивни и плус еден позитивен од лабараторијата Авицена од Скопје. Во оваа бројка не влегуваат брисовите земени во текот на денешниот ден. На Инфективното одделение во Велес во моментов се хоспитализирани 21 пациент. Како што појасни за МИА докторката Весна Неделковска Николова, од нив 13 пациент се со докажан вирус на Ковид-19, а за осум се уште се чекаат резултати. Денеска од ова одделение бил испишан и излекуван 56-годишен маж, кој бил еден од првозаразените со Ковид-19, хоспитализирани на Инфективното одделение Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција информира дека на седницата на Општинскиот кризен штаб било предложено, доколку се зголеми бројот на пациенти заболени од коронавирусот, да се оспособи и Одделението за физикална, кое е посебно одделение на велешката Општа болница, а другиот предлог е да се активира и болницата во Јасеново која е оддалечена на 25 километри од Велес. ад/бт/

Остани поврзан