• недела, 24 ноември 2024

Во Ватикан судски процес против десет лица за финансиски проневери

Во Ватикан судски процес против десет лица за финансиски проневери
Ватикан, 26 јули 2021 (МИА) - Судски процес против десет лица обвинети за финансиски проневери, вклучително и еден кардинал, почнува утре во Ватикан. Официјалните лица се надеваат дека овој процес ќе биде пресвртна точка и дека ќе покаже дека никој не е над законот. Првообвинет е кардиналот Анџело Бекиу (73), поранешен висок функционер на администрацијата на Ватикан, кој е и највисок функционер на Ватикан на кој му се суди за финансиско проневера. Папата Франциск, кој го укина имунитетот на Бекиу за да може да биде изведен пред лицето на правдата, го отпушти кардиналот минатата година за наводен непотизам, иако секогаш тврдеше дека Бекиу не е виновен. Вториотобвинет за проневера при купување зграда во една од најмодерните области на Лондон е швајцарскиот адвокат Рене Бруелхарт, поранешен шеф на единицата за финансиско разузнавање на Ватикан, кој исто така ги негира сите обвинувања. Ќе им се суди и на двајца Италијанци брокерите Џанлуиџи Торзио и Рафаел Минчионе, кои исто така ги негираат обвинувањата. ми/

Остани поврзан