• четврток, 26 декември 2024

Во Ваташа спортски настан ,,Растеме во шампиони"

Во Ваташа спортски настан ,,Растеме во шампиони

Кавадарци, 3 ноември 2023 (МИА) - Спортски настан именуван „Растеме во шампиони", се реализираше денеска на  фудбалското игралиште во село Ваташа. Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев појаснија дека спортските активности се во организација на Отворените забавни фудбалски школи, поддржани од Општина Кавадарци и НЛБ Банка- АД Скопје. Во настанот беа вклучени стотина деца од основните општински училишта и пет тренери со чија помош се реализираа предвидените активности и обуки. 

- Целта на овој настан беше еднакво учество на момчиња и девојчиња во фудбалот, вклучување на децата на вработените во експозитурите на НЛБ банка, подигање на свеста кај младата популација за активно членување во спортските клубови и практикување на спортски активности, дружење и спортување за секое дете без разлика на полова и етнична припадност, рамнопоравни можности за жените и мажите, момчиња и девојчиња, развивање на почит кон сите учесници без разлика на нивната улога, информираа од кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму додадоа, дека целта, е, исто така, развивање на позитивно емоционално изразување низ игра и забава, оспособување за тимска работа и фер плеј однесување при спортување, примена на здравствено хигиенските навики во функција на сопствената хигиена и здравје, безбедност на учениците во средината, училиштето и на разни спортски и културни манифестации, намалување на насилството во училиштето и средината на живеење, едуцирање за организација на спортски настани, за улогата на спортот во развојот на општественото живеење, како и ангажирање на спортските легенди, како амбасадори во општините во кои се реализираат овие настани.

Од кабинетот на Јанчев нагласија дека очекуваните ефекти, се зголемување на бројот на деца кои ќе спортуваат во клубовите, зголемена свест кај децата и родителите за спортска активност, здрав живот на живеење, исхрана и однесување во околината, пристојно однесување на спортски натпревари и манифестации, зголемена соработка деца –родители-тренери-спортски работници, заедничко дружење, правилно користење на слободното време, едукација на млади како тренери и подобрување на материјалната база на општините со донација на опрема од страна на ОЗФШ. свд/вг/


Фото : Фејсбук страница на Митко Јанчев 

Остани поврзан