• среда, 25 декември 2024

Во бунтовничкиот етиопски регион Ахмара регистрирани многу убиства и силувања

Во бунтовничкиот етиопски регион Ахмара регистрирани многу убиства и силувања

Адис Абеба, 30 октомври 2023 (МИА) – „Етиопската комисија за човекови права“ (ЕХРЦ) денеска соопшти дека  во северозападниот регион од земјата Ахмара, каде дојде до  судири меѓу паравоени формации и државните сили,  регистрирани се многу случаи на „вонсудски убиства“ “ и сексуално насилство, јави Би-би-си.

Борбите во Амхара избувнаа по одлуката на владата да ја распушти паравојската што претходно ја поддржуваше.

Во денешниот извештај ЕХРЦ наведува дека од август, кога почнаа конфликтите во овој регион, „многу цивили се убиени во напади со беспилотни летала“. 

На крајот на септември цивили беа убивани во најмалку три града.

Во три други области, вклучително и регионалната престолнина Бахир Дар, државните сили се обвинети дека извршуваат „вонсудски убиства“, се наведува во извештајот.

Комисијата наведува дека во судирите од август се силувани 200 жени и девојчиња. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан