• недела, 17 ноември 2024

Во Бугарија сè уште немаат вакцини против мајмунски сипаници иако има пријавено случаи

Во Бугарија сè уште немаат вакцини против мајмунски сипаници иако има пријавено случаи
Софија, 28 август 2022 (МИА) - Во Бугарија сè уште нема вакцини против мајмунски сипаници иако во државата веќе се регистрирани четири случаи, јавија бугарските медиуми. Државата е една од петте земји во Европа кои се уште немаат добиено вакцини против мајмунски сипаници, според Министерството за здравство и Европската комисија, јави БТВ. Само во Европа, според последните податоци, заболените се веќе над 17 илјади. Најмногу заразени има во Шпанија. Следат Германија и Франција. Во Бугарија, Литванија и Летонија има по 4 случаи, но здравствените експерти претпоставуваат дека бројката е многу поголема. Вакцините се дистрибуираат пропорционално со заедничка европска нарачка. Само во Бугарија, Словенија, Словачка, Полска и Романија се уште нема вакцини. - Центрите за сексуално здравје се првите места каде луѓето со симптоми на мајмунски сипаници одат за помош. Неделно има тројца сомнителни пациенти, вели Елена Биринџиева од Центарот за сексуално здравје во Софија во изјава за медиумот. Таа веќе има список од околу 50 луѓе кои чекаат вакцина против инфекцијата. - Секој пациент со ризично сексуално однесување во нашиот центар добива целосни информации за мајмуни сипаници. За жал, сепак - не можеме да го понудиме следниот чекор - вакцинација. Преплавени сме со повици каде е вакцината против сипаници, изјави таа. За Бугарија се планирани 1.820 дози, но сепак, не е јасно кога државата ќе ги добие, наведува БТВ. Министерството за здравство ги анализира регулаторните опции за добивање на вакцините и условите за склучување на договор за донација меѓу ЕК и Бугарија. зш/

Остани поврзан