• сабота, 23 ноември 2024

Во Бугарија почна изборната кампања за парламентарните избори на 11 јули

Во Бугарија почна изборната кампања за парламентарните избори на 11 јули
Софија, 11 јуни 2021 (МИА) - Трката за претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, кои ќе се одржат на 11 јули за состав на 46. Национално собрание, вклучува 18 партии и девет коалиции. Тие ќе се борат за поддршката на 6.732.316 гласачи во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе бидат први избори во Бугарија, на кои гласањето ќе се одвива целосно машински, освен во областите каде што живеат помалку од 300 луѓе. Сè уште не е познато која компанија ќе купи дополнителни над 1.500 гласачки машини и каде ќе бидат складирани во периодот пред одржувањето на изборите. Централната изборна комисија на Бугарија соопшти дека ќе обезбеди околу 2,5 милиони евра за одржување на машините за гласање. Нема да има ограничување за гласањето од страна на бугарските граѓани кои живеат во странство, но тие ќе можат да гласаат со хартиени ливчиња. Се очекува најмногу избирачки места да бидат отворени во Турција, Велика Британија, Германија и Шпанија. Во Северна Македонија ќе може да се гласа во Бугарската амбасада во Скопје, Генералниот конзулат во Битола, како и во Струмица. Според анкетите, од одѕивот би изнесувал меѓу 55-60 отсто, што ќе биде поголем од редовните парламентарни избори одржани на 4 април, кога беше 50 проценти. нк/гт/

Остани поврзан