• сабота, 23 ноември 2024

Во Британија супермаркетите очекуваат полициско обезбедување

Во Британија супермаркетите очекуваат полициско обезбедување
Лондон, 19 март 2020 (МИА) - Британските супермаркети очекуваат да ги обезбедува полицијата, со цел да ги одвратат потрошувачите од непристојно однесување, доколку дојде до ситуација Лондон да биде во карантин поради ширењето на новиот вирус - Ковид 19. Големите супермаркети како „Теско“, „Сенсбури“, „Асда“ и „Морисонс“, како и бртанскиот премиер Борис Џонсон, ги повикаа потрошувачите да не паничат. Сепак, некои купувачи продолжија да купуваат неконтролирано, со што дојде до недостиг на храна во продавниците. Во некои продавници утринава имало тепачки и караници при набавка на производи како тоалетна хартија, вода и конзерви со храна. Портпаролот на Националната полиција соопшти дека засега не е донесена одлука за обезбедување на супермаркетите, но дека се подготвуваат за сите сценарија. - Не очекуваме недостиг на храна или кражби. Всушност, искуството од другите земји ни укажува дека тоа најверојатно нема да биде проблем. Не можеме да кажеме дека нема да дојде до некои изолирани инциденти на кои ќе мора да одговориме, рече портпаролот. паг/

Остани поврзан