Во Брисел отворена изложба на наградените фотографии на конкурсот за фото-наградата „Истанбул“
- Во Галеријата СР во Брисел синоќа беше отворена изложба на наградените фотографии од десеттиот конкурс за меѓународната Наградата за фотографија „Истанбул“, што ја доделува турската новинска агенција Анадолија.
Брисел, 15 ноември 2024 (МИА) - Во Галеријата СР во Брисел синоќа беше отворена изложба на наградените фотографии од десеттиот конкурс за меѓународната Наградата за фотографија „Истанбул“, што ја доделува турската новинска агенција Анадолија.
Во обраќањето на отворањето на изложбата заменик генералниот директор на Анадолија, Енис Перу порача дека Наградата за фотографија „Истанбул“ има значаен придонес во светот на фотографиите.
- Како Анадолија, отсекогаш сме верувале во моќта на визуелноста. Оваа година ја славиме првата деценија од овој значаен натпревар, истакна Перу.
Тој потсети дека во текот на изминатите 10 години, на конкурсите за Наградата учествувале околу 185.000 фотографии од 18.000 фотографи, а само на ова година биле пријавени над 20.000 фотографии.
- Чест е да се види како конкурсот еволуира во платформа на фотографи кои го прикажуваат животот од целиот свет, рече Перу.
Добитник на првата награда на овогодишниот конкурс е палестинскиот фотограф Мохамед Салем за неговата фотографија насловена „Палестинка го гушка телото на нејзината внука“.
- Наградената фотографија ја открива суровата реалност на светот. Оваа фотографија го документираат човечкото страдање и дава свој придонес во колективната меморија на човештвото, додаде Перу.
Тој водено најави дека Анадолија наскоро ќе го распише и конкурсот за Наградата за фотографија „Истанбул“ за 2025 година.
На изложбата, која ќе биде отворена до понеделник, се претставени сите 32 наградени фотографии во 10-те категории на овогодишниот конкурс.
На отворањето на изложбата се обратија и турскиот амбасадор во Белгија, Бекир Ујсал и постојаните претставници на Турција при ЕУ и НАТО, Фарук Кајмакчи и Левент Гумрукчу. сп/
Фото: Анадолија